Познатиот водител Џоел Тејлор, автор на емисијата на каналот на Дискавери, изненадно почина на 39-годшна возраст.
Оваа вест многумина ја објавија на своите профили на друштвените мрежи и изразија жалење за загубата на младо и талентирано ТВ лице.
Тој со години бил водител на емисијата „Лов на бури – Доминатор“ заедно со пријателот Рид Тимер.
-Почивај во мир мој најдобар пријателе и партнер во ловот на бури, Џоел Тејлор. Шокиран сум и скршен од заминувањето на мојот драг и неверојатен пријател. Ловевме толку силни бури и сега посакувам да уловевме барем уште една. Засекогаш ќе ми недостигаш, Џоел. Изгубивме легенда – напишал неовиот пријател.