Од денеска па до 24 април на булеварот Партизански одреди ќе се изведуваат градежни активности за завршно асфалтирање, од улицата Франклин Рузвелт до раскрсницата со булевар 8 Септември.
Поради тоа, на тој дел од булеварот Партизански одреди ќе се воведе привремен сообраќаен режим, информираат од Град Скопје.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.