Поради лагата на жена – невин поминал 20 години во затвор


Откако сосема невин човек поминал во затвор цели 20 години за убиство кое што не го направил, тој сега конечно бил пуштен на слобода.

Станува збор за Лери Ламба од Северна Каролина, кој бил обвинет за убиството на Лимон Греди во 1993 година. Судијата по цели 20 години одлучил да го пушти на слобода овој несреќен маж, а обвинителите ги повлекле сите обвиненија против него.

zatvor“Планира да се врати дома”, изјавил неговиот адвокат, Кристина Мума. Обвинителите го темелеле судскиот процес врз фактот дека телото на убиениот било пронајдено во неговиот дом на 28 февруари 1987 година, а жртвата била пронајдена со прострелна рана во градите.
Иако никогаш не бил пронајден пиштолот, односно немало никакви физички докази кои што би потврдиле дека Лери навистина е убиецот, обвинителството се повикало на сведочењето на Ловели Лорден, која што тврдела дека го видела Ламба и уште двајца мажи, Леовон Џонс и Ернест Метјус, како го извршуваат убиството на Греди.

Откако Ламба бил осуден за убиство од прв степен, грабеж и завера, тој на судијата му се обратил со зборовите: “Ќе отслужам онолку години колку што ми дадовте и ќе излезам горд од затвор, но морате да знаете дека не сте го решиле овој случај, ставајќи ме мене зад решетки”.

По години и години поминати во потрага по правдата, истата сега конечно е задоволена, а исказот на Лорден се прогласил за лажен. Имено, конечно е докажано дека таа имала и финансиски и лични мотиви за лажното обвинување на тројцата невини мажи.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1