Поради новите ЕУ закони ќе се забрани продажба на познати парфеми


Култни парфеми како  Шанел наскоро би можеле да исчезнат од полиците за парфеми, благодарејќи на Комисијата на ЕУ за заштита на потрошувачите која ја разгледува можноста да забрани некои етерични масла во парфемите, затоа што ја надразнуваат кожата  и предизвикуваат алергии. Шанел 5 ги содржи, бидејќи е составен од природни, а не синтетички супстанци. Со тоа не би била погодена само индустријата за парфеми, туку сета мирисна козметика, од шампони и креми до дезодоранси, од марката Аксе до Ив Сен Лорен.

shanelДерматолозите, лобисти и експерти за парфеми околу ова прашање во Брисел веќе една година ги кршат копјата, а се се темели на податокот дека од еден до три отсто потрошувачи имаат алергиска реакција на некои природни состојки, што во конкретни бројки значи 5 до 15 милиони корисници. Тоа во својата мегастудија го пресмета советодавното тело на Комисијата, Научниот одбор за безбедност на потрошувачите (SCCS), предложувајќи  127 алергенски супстанци да се декларираат на пакувањето, за 12 од нив да се намали количината во производството, а три целосно да се забранат, пишува „Ди Цајт“.

– Најчестите алергии на козметиката не се однесуваат на хемиската, туку на онаа природната, што е логично: билките произведуваат етерични масла како обранбен механизам. Не за да мирисаат убаво, туку со тоа да се одбранат од молци и бактерии, објаснува алергологот, Торстен Зубербаер, водител на берлинската Дерматолошка клиника Черити.

И додека се повеќе се промовира природната козметика како одговор на синтетичките креми и мириси, а природните состојки од градината повеќе се ценати од оние од хемиската лабораторија, ЕУ со ова еко-трендот би го вратила на почеток. Во таа моќна индустрија, природните масла станаа луксуз за кои се плаќа многу. За килограм јасминово масло треба да се соберат шест милиони цветови и чини четири илјади евра, додека цената на килограм италијански путер од корен  на перуника може да изнесува и повеќе од 100.000 евра.

Поради тоа, во последните десетлетија за евтина козметика се користат евтини синтетички мириси кои се попостојани и поедноставно се произведуваат. Тие се состојат само од една или неколку молекула, за разлика од етеричните масла со 400 молекукли во случај на природно ружино масло. Некои од тие компоненти одреден број на луѓе не ги поднесува, но затоа на чувствителниот нос му дава неповторливо богатство од мириси.

Миа

###

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1