Поради оваа жена го киднапирал египетскиот авион (ФОТО)


Марина Парасчу е жената поради која Сеиф Елдин Мустафа оваа седмица го киднапираше египетскиот авион на компанијата „Еџипт Ер“.

Според пишувањето на медиумите, фотографијата која се појавила на интернет, е од нивната венчавка од 1985 година.marina-otet-avion-735x400

Марина Парасчу на фотографијата има 20 години. Двојката била во брак пет години, се развеле во 1990 година, а имаат и четири деца – три ќерки и еден син.

51-годишната Парачоу по киднапирањето на египетскиот авион, за својот поранешен сопруг изјавила дека е суров криминалец, а нивниот однос го опишала како „најмрачно поглавје во нејзиниот живот”.32B349E800000578-3516826-image-a-29_1459425098484

– Тоа беше брак од пеколот, претепување, мачење и секојдневен страв – изјавила Парасчу за грчкиот весник „Филефтерос“.

58-годишниот Мустафа се изјаснил како виновен за повеќе обвиненија во врска со киднапирањето на авионот, вклучувајќи и закана со насилство.01-kidnaper-avion

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1