Две Бугарки доживотно протерани од Македонија, краделе по бутици и во автобуси


На две Бугарки на возраст од 33 и 41 година, судија на претходна постапка им одреди мерка 1 година затвор со 3 години условно и тие се доживотно протерани од Македонија, поради тоа што извршиле три тешки кражби и се стекнале со противправна имотна корист од околу 26.500 денари.lisici33

Кражбите ги извршиле во попладневните часови на подрачјето на скопската општина Центар. Првата ја извршиле во бутик, а останатите две во автобус, на идентичен начин, односно искористувајќи го невниманието на оштетените и метежот околу нив, со протнување на рака во нивните чанти ги одземале нивните паричници.

МВР соопшти дека тие биле забележани од полицајци и биле уапсени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1