Фрлена бомба кон салата каде Вучиќ треба да има обраќање


Кон спортската сала Зубин Поток во Косово каде денеска треба да се обрати српскиот премиер Александар Вучиќ, рано утринава е фрлена бомба и пукано е од автоматско оружје.policija KoSovo

Директорот на Канцеларијата за Косово Марко Џуриќ пред новинарите истакнал дека од експлозијата оштетен е еден автомобил, а пронајдени се и чаури од автоматско оружје, додавајќи дека денешната посета на Вучиќ се одвива според планот.

И покрај бомбата и истрелите, Вучиќ според планот навреме пристигна во Лепосавиќ и истакна дека бомбите нема да го заплашат, ниту пак има намера да ја одложи посетата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1