Поради пожар откажани летовите на двата аеродроми во Чикаго


Над 300 летови на двата аеродроми во Чикаго, Охер и Мидвеј денеска се одложени поради пожар кој изби во контролната кула.

Вработените во Федералната администрација за авијација (ФАА) се евакуирани од контролната кула во Аурора во сојузната држава Илиноис.cikago aerodrom patnici

ФАА потврди дека имало пожар, но не соопшти други детали. Спасувачката екипа која интервенирала во подрумот на контролната кула пронашла маж коиј сам си нанел повреди, по што е хоспитализиран.

Локалните медиуми јавија дека пожарот е подметнат.

Чикаго е една од главните точки за трансфер на летовите од САД, а Охер е еден од најголемите аеродроми во светот, главна дестинација за поголем број на американски авиопревозници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1