Поради пукање на стакло, принудно слета авион на „Туркиш ерлајнс“


Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ денес принудно слета на аеродромот во германскиот град Нирнберг, поради тоа што пукнал прозорец во пилотската кабина.turkish-airlines.jpg500

Портпаролот на турската компанија соопшти дека авионот летал од Дизелдорф до Истанбул и дека слетал во 7. 58 часот во Нирнберг.

Патниците се евакуирани од авионот и префрлени на терминалот, каде го очекуваат следниот лет.

Во моментов се прави техничка проверка на авионот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1