СДСМ со нова бомба: Ги обвини Милошоски и Аџиев дека договарале лустрација на судија


Целта на Комисијата за верификација на фактите не е да расчисти со неправдите од минатото, туку на неправеден и незаконски начин да ги санкционира сите оние, коишто и пречат на актуелната власт, обвинија од СДСМ од Битола, при објавувањето на т.н.19 `бомба` од прислушувани разговори.makedonija-lustracija

„Последните два разговори коишто ќе ги слушнеме денес се помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти. Овие разговори потврдуваат се’. Ќе слушнете како Милошоски договара со Аџиев на кој начин да биде спроведена постапка за лустрација. Во вториот и последен разговор се’ станува јасно. Лицето за кое Милошоски бара да биде спроведена постапката за лустрација е всушност судија од Кичево. Замислете, причината, како што вели самиот Милошоски, е затоа што судијата правел многу големи проблеми за власта во Кичево“, рече Ковачевски.

Машкиот глас, наводно на Антонио Милошоски вели: „Значи човекот се вика Живко Туфегџиев, од Кичево е и поднел иницијатива за сомнение за судијата Драги, Драги Билевски од Кичево… И многу големи проблеми ни прави, дел од корупцијата во градот…, а другиот глас, наводно на Томе Аџиев, одговара: „Ќе го спроведиме, ќе го спроведиме ние… Ќе го пуштиме сега веднаш со сите…“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1