Перо Антиќ уапсен во Њујорк – кошаркар и неговата жена прободени со нож


Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ кој игра за Атланта Хокс бил приведен во среда во клубот„ 1 OAK“ во квартот Челзи  во Њујорк по тепачка во коојашто биле прободени кошаркарот на Индијана Пејсерс, Крис Коупленд и неговата сопруга.

Во информацијата објавена на „Њујорк дејли њус“ пишува дека Антиќ заедно со неговиот соиграч Табо Сефолоша биле приведени бидејќи ја попречиле полицијата во својата работа, односно ја спречувале полицијата да направи увид на местото на инцидентот. pero-antic
Кошаркарот Коупленд бил прободен во стомакот, неговата жена на раката и ногата, а во инцидентот прободена била и уште една педесет и тригодишна жена за која се претпоставува дека била со напаѓачот.

Напаѓачот, дваесет и двегодишно момче било приведено, а ножот со кој ги прободил бил запленет.

Инциденто се случил околу четири часот по полноќ по локално време, пред самото затворање на клубот.

Најверојатно кавгата настанала кога излегувале гостите,  кога дваесет и двегодишниот напаѓач извадил нож и ги прободел Коупленд и неговата сопруга.

Коупленд допатувал во Њујорк бидејќи неговиот тим во среда игра против домашниот Никс, а Антиќ и Сефолоша,  кои биле со него, допатувале во Њујорк, каде Атланта им гостува на Бруклин Нетс.

Тие одбиле да се поместат кога полицијата почнала да врши увид, па се обвинети за попречување на службените лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1