Поради скршеница на коленото Зафирчев го напушта „Танцот со ѕзведите“


Еден од милениците на шоуто „Танцот со ѕвездите“, актерот Васил Зафирчев, поради скршеница ќе мора да се откаже од понатамошното натпреварување.
g_zafircev33На вчерашната проба за шоуто „Танц со ѕвездите“, актерот Васил Зафирчев, еден од фаворитите на судиите и публиката, вежбајќи ја танцовата точка со својата партнерка во Македонската радио телевизија, се здоби со потешка телесна повреда. Во специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ на Зафирчев му извршена хируршка интервенција бидејќи стручниот тим констатирал скршеница на чашката на коленото.
Васил Зафирчев во моментов се наоѓа на Одделението за интензивна нега каде се чувствува добро, но сепак повеќе нема да може да блеска на сцената заедно со својата партнерка Наде Миленковска и да ги истакнат  заедно танцовите вештини.
Сепак, на големо жалење на неговите фанови и на жири комисијата од популарното шоу „Танц со ѕвездите“ Васил Зафирчев веќе нема да биде во можност да се натпреварува во шоуто.
Net press
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1