Скопјанец барал Брза помош за развод со жена му!


Деновиве скопјанец викнал Брза помош со образложение дека жена му се самоубила со пиење на апчиња. Лекарска екипа веднаш интервенирала а била повикана и полиција. Но останале вчудоневидени кога наместо да наидат на итен случај биле викнати за бракоразводна постапка меѓу сопружници. Мажот сакал да ја смести жената на Психијатрија и затоа се јавил во службата! На тој начин сакал да ги реши брачните проблеми. Екипата си заминала без интервенција.

brza-pomos-sk-300Ова не е прв случај Брза помош да се вика без потреба. Завчера лекарска екипа со возило итно заминала и на Рекорд каде наводно имало тешка сообраќајка со повредени. Но на посоченото место немало ништо а не го пронашле и лицето кое се јавило на 194. мобилниот телефон му бил исклучен.

Како карактеристичен случај запишан во евиденцијата на Брза помош е и повик од наводно тежок срцев болесник кој пријавил болки во градите. На лекарите им објаснил дека имал и операција. Но екипата наишла на пациент кој цел ден ништо не јадел и само сакал инјекција за освежување.

Надлежните во Брза помош повеќе пати преку медиумите апелирале да не се злоупотребува бројот 194. Додека на некој секунди се во прашање да остане жив други си играат мајтап.

Izvor – Zdravstvo24.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1