Поради сомнеж дека жената го изневерува, Македонец застрела девојка и маж


Јавното обвинителство вчера соопшти дека жителот на Луковица, Македонска Каменица кој на Бадник застрела две лица со ловечка пушка истото го сторил со намера да убие три лица поради сомневање дека сопругата го изневерува, па се упатил кон нивните домови.

puska

-Тој се упатил во домот на прво ранетиот, каде со ловечка пушка која била во негова сопственост му нанел прострелни рани во рамото на оштетениот. Потоа се упатил во домот на следниот соселанец за кој се сомневал дека е во љубовна врска со сопругата. Вратата на втората куќа ја отворила дваесет годишната ќерка на соселанецот, која осомничениот ја ранил со прострелна рана во стомакот.  Во намерата да го убие и третото лице за кое се сомневал дека има врска со сопругата, осомничениот тргнал и во домот на трет жител на с. Лукавица, каде за среќа никој не ја отворил вратата, соопштија од Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител од обвинителството во Кочани дал наредба за вршење увид на лице место, па по прибирање на првичните податоци и докази во предметот, донел Наредба за спроведување на истражна постапка за сторени две кривични дела Убиство против осомничениот.

До судијата на предходна постапка во надлежниот суд е поднесен и Предлог за определување на мерка притвор бидејќи обвинителството сметаше дека се исполнети законските основи. По предлогот на обвинителот се произнесе и судијата на предходна постапка кој со Решение му определи мерка притвор на осомничениот во времетраење на триесет дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1