Поради трговија со деца уапсен Италијански амбасадор на Филипините


Италијанскиот амбасадот во Туркменистан е уапсен од полицијата на Филипините поради сомнеж дека учествувал во трговија со деца.

Daniele-Bosio500Според дипломатски извори станува збор за 46-годишниот Даниеле Бозио, кој бил на одмор на Филипините.

Дипломатот бил уапсен во одмаралиште во провинцијата Лагуна, откако во неговиот апартмант се пронајдени момчиња бездомници на возраст од девет до 12 години. Според други извори дипломатот е уапсен додека со трите момчиња бил во локален парк, пишува весникот „Корере дела сера“.

Трите деца и се доверени на невладината организација Бахај Тулујан, која работи со меѓународната организација ЕКПАТ (End Child Prostitution, Pornografy and Trafficking).

Даниеле Бозио тврди дека е невин.

Италијанското Министерство за надворешни работи засега не дало коментар за настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1