Руски амбасадори – Не само Крим, ќе го земеме и Мајами, таму има 95% Руси! (Видео)


Британски Guardian на својата веб страна објавил снимка од приватен телефонски разговор меѓу руските амбасадори на Еритреја односно Зимбабве, Игор Чубаров и Сергеј Бакарев. За време на разговорот слатко се изнасмеале за стравот на Западот од евентуален освојувачки поход на Русија.

ruski ambasadoriЧубаров: ” Им повторувам на оние од ЕУ: луѓе, Крим го земавме, но тоа не е крај. Ќе ја земеме и Каталонија, Зимбабве, па Шкотска и Алјаска. И тогаш ќе се смириме”. и двајцата почнале заразно да се смеат.

“Ќе се смириме во прва фаза”, продолжил Бакарев, а Чубаров му одобрува и ги најавува Латвија, Естонија, Бугарија и Романија.

“Не, нив нема. Подобро да ги земеме Калифорнија и Мајами, такви “ненаселени” региони”, кажал низ смеа Бакарев. “Во Мајами и онака има 95% Руси. Може да одржиме референдум”.

Откако слатко се изнасмеале, се поздравиле и го завршиле разговорот. Guardian не соопштил кој го снимил разговорот и дали е воопшто автентичен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1