Поради загадувањето, се гасат печките на „Југохром“


Металуршкиот комбинат „Југохром фероалојс“ од Јегуновце, ќе прекине со производство поради загадувањето на воздухот, пишува Прес 24.jugohrom

Менаџментот на фабриката е на ставот дека „Југохром фероалојс“ ДООЕЛ во стечај не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот, па затоа донесе одлука за доброволно гасење на двете печки кои се во функција, односно целосно затворање на производствениот капацитет.

Прекинувањето на производството ќе трае од 31 декември до крајот на февруари идната година, кога метеоролошките услови најмногу влијаат за загадувањето на воздухот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1