Вонредни контроли во месарници, хотели и ресторани низ цела Македонија


Во пресрет на новогодишните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, покрај редовните, почнаа со спроведување на вонредни, засилени контроли на специјализираните продавници за храна од животинско потекло.

Контролите се спроведуваат во  месарници, рибарници и во угостителски објекти (хотели, ресторани).agencija-za-hrana-i-veterin-640x361

Контролите се спроведуваат на целата територија на државата и со нив ќе бидат опфатени и туристичките места Маврово, Попова Шапка, Охрид, Струга, Берово и Дојран.

Целта на контролите е елиминирање на можноста на пазарот да се пласира небезбедна храна, спречување на евентуални труења и инфекции и заштита на здравјето на граѓаните и правата на потрошувачите.

-Како одговорна институција за безбедноста на храната ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 3 22 22, но и лично, или на електронската пошта info@fva.gov.mk, велат од Агенцијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1