Поранешната сопруга на Трамп: Мигрантите ни се потребни за да ни чистат


Можноста Доналд Трамп да стане нов претседател на Америка и понатму шокира голем број жители на таа земја. Првата сопруга на Трамп, Ивана, открила дека Доналд долго планирал кандидатура, но разводот со неа му го нарушил политичкиот план.ivana tramp

Ивана Трамп беше во брак со Доналд од 1977 до 1992 година, a таа и понатаму го поддржува во политичките амбиции, иако нивниот брак заврши со неверство на Трамп.

– Пет години пред нашиот развод му беше предложено да се кандидира за претседател. Но, тогаш се случи разводот и целиот скандал со неверството. Американките ме сакаа мене, а него го мразеа, така што политичката кариера беше на чекање – рекла Ивана, која Трамп ја изневери со Марла Маплес, која потоа му стана втора сопруга.

Ивана Трамп сега себеси се обвинува, бидејќи смета дека неговата политичка кариера морала да почне порано.

Доналд Трамп со втората сопруга Марла ја доби ќерката Тифани, а големото потомство, тврди Ивана, е доказ за неговата машкост.
– Кога тој би имал проблеми долу, не би имал пет деца – изјавила поранешната сопруга Ивана.

Ивана најмногу шокирала со своите контроверзни изјави во врска со мигрантите.

– Немам ништо против нив, но замислете 19-годишна мигрантка бремена да прескокне ѕид, да роди бесплатно во американска болница, нејзиното дете автоматски станува американски државјанин, а тогаш го доведува и целото свое семејство. Не плаќаат даноци, не работат, добиваат од државата стан и храна. Кој плаќа? Па вие и јас. Погрешно да не ме сфатите, мигрантите ни се потребни, бидејќи кој ќе ни ги чисти куќите, ако не тие. Американците тоа не сакаат да го прават – заклучува Ивана Трамп.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1