ЦИА со официјално предупредување: На овие европски градови им се заканува терористички напад


Унгарската влада од САД ќе побара информации за предупредувањето на Централната разузнавачка агенција, во кое Будимпешта наводно се споменува како потенцијална терористичка цел, изјави во понеделникот советникот за национална безбедност на премиерот, Гјорги Баконди.CIA-logo-500x358

Тој реагирал на информацијата објавена во еден полски весник според кој ЦИА ги предупредила полските национални безбедносни служби за можни закани за Варшава, Будимпешта и Берлин, пишува порталот „Hungary Today”.

Весникот се повикува на неофицијални медиумски извештаи според кои во средината на март ЦИА испратила предупредување за можни паралелни закани кои требало да се исполнат за време на „масовни настани“ во споменатите градови.

Баконди рекол дека унгарската Влада нема добиено никаква официјална информација која се однесува на овие закани, како и дека за истите дознала од полскиот весник “Rzeczpospolita”.
Тој истакнал дека Владата ги сфаќа сериозно овие информации за потенцијалните закани и дека прави сè што е во нејзина можност за да ги заштити своите граѓани.

На прашањето дали Унгарија мисли да го зголеми нивото на безбедност во земјата, Баконди одговорил дека за тоа е премногу рано, но додал дека Владата секогаш ги проверува сите информации пред донесувањето на одлука.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1