Поразително истражување: Научивме да живееме без вистинската љубов!


Студија спроведена на 2 000 испитаници покажува дека секоја седма личност не живее со љубовта на својот живот. 46% изјавиле дека се спремни да го остават сопружникот ако најдат вистинска љубов.

srce valentajnОд оние кои не живеат со човекот или жената на својот живот, 73% изјавиле дека се со актуелниот партнер бидејќи вистинската љубов „им се лизнала“ од раце.

Четвртина од испитаниците рекле дека во еден период биле вљубени во две личности во исто време.

17% ја запознале вистинската љубов кога биле во врска или брак со друг. Мажите се полојални партнери од жените и кога не ги сакаат – 37% рекле дека не би ја напуштиле партнерката иако знаат дека не е вистинската – пишуваат британските медиуми.

Студијата спроведена во британија покажала дека луѓето во просек се вљубуваат два пати, а речиси на сите еднаш им било скршено срцето. Секој 20ти имал 5 или повеќе пати во животот скршено срце.

Љубовта е основа на животот, но голем дел од луѓето прават компромиси и за жал, живеат без неа!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1