Хрватска е потресена од скандалот околу порно снимката на која, покрај неколку мажи, „главна актерка“ е познатата водителка и манекенка Тина Катаниќ. На снимката се гледа дека е дезориентирана а очигледно и под дејство на наркотици,
Хрватските медиуми прво објавија дека девојката на снимката е сексуално злоставувана од тројцата мажи и дека откако сниката излезе во јавност таа веднаш пријавила во полиција.
– Се чувствувам понижено, обесправено. Поради околностите на целиот случај во кој многу работи се направени против моја волја, дадов исказ во загрепската полиција и правните институции работат на заштита на моите права. Побарав правна помош и во иднина моите интереси ќе ги застапува овластена адвокатска канцеларија – порачала Катаниќ.
Видеото наводно било снимено во еден стан во Загреб. На снимката се гледа како момчињата на девојката и нудат дрога, прашувајќи ја дали сака да „шмрка“. Од начинот на кој се обидуваат да зборуваат со неа, јасно се заклучува дека е во несвесна состојба
Сепак се јавија и момчињата од снимката. Се работи за млади, наводно неискусни деца кои тврдат дека манекенката ги намамила веројатно и издрогирала и дека на ништо не се сеќаваат. Бевме во клуб пиевме и ни пријде дотогаш за нас непозната девојка која отворено флертуваше со нас. Потоа не почасти шампањ, за кој се сомневаме дека во него ни подметнала нешто и не покани во станот. Потоа на ништо не се сеќавам, кога се разбудивме неа ја немаше, тврди еден од снимените.
Тој наводно случајот исто така го пријавил во полиција.