Породилното отсуство може да се продолжи за 3 месеци, кои мајките ќе можат да ги искористат на различни начини. Предлогот е на Министерството за труд и социјална политика, а за него допрва треба да расправа Економско-социјалниот совет. Новината зад која стои министерот Диме Спасов е содржана во две варијанти – мајките ќе имаат избор дополнителните три месеци да ги искористат веднаш, по истекот на досегашните девет месеци или да ги земат во периодот додека детето наполни три години.
Новите три месеци ќе бидат неплатени, но како што дознаваме, работодавците ќе бидат обврзани да ~ го сочуваат работното место на мајката.
– Предлогот веќе е пристигнат до Владата и таа ќе се изјасни за него во наредниот период – ни велат од Владата.
Продолжувањето на деветмесечното породилно отсуство е еден од предлозите што стручната јавност ги наведуваше како потребни за да се оствари пресврт во загрижувачките демографски состојби во земјава врзани со малата стапка на наталитетот. Податоците покажуваат дека во триесетина општини бил забележан тренд на поголем број на умрени отколку на родени лица.
Експертите сметаат дека би можело да се размислува и за флексибилно користење на породилното, односно по неколку месеци во различни периоди с` додека детето не наполни одреден број години.
Периодот за одмор на мајката зависи од многу фактори вклучувајќи и дали станува збор за прво, второ или има повеќе деца. Деветте месеци се веќе заборавени. Иако досега се сметаше дека се сосема доволен период, сепак времето што го минуваат мајката и детето заедно, особено на таа многу мала возраст, никогаш не е доволно.
Во Германија и во Шведска платеното породилно отсуство изнесува 47 недели (околу 11 месеци), а следуваат Норвешка со 44, Грција со 34 и Финска со 32 недели. Во ова истражување се посочува дека САД и Австралија не гарантираат платено породилно отсуство и се на последното место од списокот со 21 држава.
Повеќе на – Дневник