Македонија денес и во вторник ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд. Во попладневните часови дождот ќе биде пороен, проследен со грмежи
Поизразена нестабилност ќе има утре, особено во северните и југозападните делови, каде локално се очекува да има обилен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер. Не се исклучува и можноста за изолирана појава на град.
– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, информира Управата за хидрометеоролошки работи.