Пороен дожд во следните два дена


Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд особено претпладне.

Во текот на денот врнежите ќе престанат, а повторно ќе се појават кон крајот на денот и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 11 до 17 степени.dozd

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со умерен северен ветер, а во раните утрински часови се уште ќе има слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Пообилни врнежи повторно ќе има во четврток кога на повеќе места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Температурата ќе опадне за пет до осум степени во однос на денешната.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1