Португалецот Салвадор Собрал победи на фестивалот на Евровизија во саботата со нежна романтична балада што беше сосема во спротивност со она што цела деценија наназад се гледа на Евросонгот.
Собрал ја пееше песната Amar Pelos Dois (Љубов за двајца) со висок и чист тенор придружувам само од виолина и пијано. За разлика од другите 25 натпреварувачи кои настапуваа на огромна сцена придружувани од сценски ефекти, тој настапи на мала кружна сцена поставена среде публиката.
„Музиката не е огномет, музиката е чувства“, рече тој примајќи ја наградата.
Песната за 27- годишниот Салвадор ја направила сестра му Луиза која заедно со него пееше по примањето на наградата и за која победникот рече дека е „најдобар композитор во земјата и во Европа“.
Ова е прва победа на Португалија на Евросонг – фестивалот на европска музика што се одржува од 1956 година.
Погледнете го победничкиот настап: