Малопродажната цена на бензините се зголемува за три, а на дизелот за четири денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 65 денари , а на Еуросупер БС-98 ќе биде 67 денари за литар. Еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава по 55 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 43,5 денари за литар.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС која ќе изнесува 26,18 денари за килограм.