Цената на бензините останува иста, а дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03, односно 0,59 отсто.
Новата малопродажна цена на „ еуродизел (Д-Е V)“ изнесува 47, а на „екстра лесното масло“ за домаќинство (ЕЛ-1) 35,5 денари за литар.
Малопродажните цени на „еуросупер БС“ од 95 октани и на „еуросупер БС“ од 98 октани остануваат исти, односно 60,5 и 62,5 денари за литар.
Регулаторите одлучија за 0,048 денари за килограм да ја зголемат и малопродажната цена на мазутот М-1 НСкоја сега ќе изнесува 24,187 денари за килограм.
Промената на цените на горивата, според регулаторите е резултат на зголемувањето на просечната цена на суровата нафта за последните две седмици и понискиот курс на доларот во однос на денарот.