Поскапеа кафето и шеќерот


Reducing-sugar-intakeKафето од типот „арабика“ од почетокот на годината поскапе за околу 60 отсто, а шеќерот за само еден месец 20 отсто, што е директна последица од глобалното затоплување. Годинашната зима беше една од најтоплите во Европа од 1900 година, а во јануари и февруари Бразил го погоди незапамтена суша, пренесе весникот „Фигаро“.

Бразилските земјоделци со нетрпение ги очекуваат првите дождови за да се спаси бербата, но пазарите веќе сега реагираат на песимистичките прогнози за производството на кафе и на шеќерна трска со голем раст на цените.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1