Поскапуваат патарините во Србија


Владата на Република Србија предложи да се зголеми цената на патарините во земјата за 12 проценти.

Според локалните медиуми, повисоката цена ќе се примени кога пратениците во Српското собрание ќе го усвојат Предлог законот за такси за користење на јавните добра.

Овој предлог Владата на Србија го усвои на последната седница и го испрати по итна постапка до Собранието

Во образложението на Предлогот се наведува дека моменталната висина на патарините е пониска од реалната вредност и дека последното поскапување се случило на 7 јануари 2017 година.

Тогаш патарините беа зголемени за десет проценти во однос на претходниот ценовник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1