Поскок, најголемата отровница во Европа, влегол во арматурната мрежа на делницата од Коридорот 10 зад тунелот Манојле кај Владичин Хан каде течат работите за изградбата на автопатот.
За овој настан е известено Здружението за заштита на влекачи и животна средина од Владичин Хан кое веднаш реагираше.
Владица Станковиќ, претседател на здружението вели дека интервенцијата е успешно направени и дека поскокот е вратен во природното живеалиште.
-Во близина на Козничка река некаде околу 9.30 часот утрово кога работниците тргнаа да префрлаат арматура, наидоа на поскок па ги запреа сите работи и ме повикаа. Поскокот го фатив и го вратив во природното живеалите, вели Станковиќ.
Според неговите зборови појавувањето на отровни и неотровно змии не е вообичаено на ова подрачје, а при работите на изградбата на Коридорот 10 се влеза во самата природа па ваквите појави се нормални.