Освен цигарите Марлборо кои од вчера поскапеа за 10 денари, од денес се поскапи и цигарите од брендовите Бренд и тоа за 2 денари и Ориентал за 5 денари.
Засега нема информација од Тутунски кабинат Прилеп на што се должи зголемувањето на цената, имајќи предвид дека се очекува сите брендови на цигари во земјава да поскапат за 5 денари од 1 јули.
Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун предвидува зголемување на цената на цигарите секоја година за најмалку 4 денари до 2023 година што би значело дека со вакво темпо, одредени брендови може да се продаваат и по 200 денари.