Најновото британско истражување покажало дека 63% од примероците на овој основен животен продукт содржи барем еден пестицид, додека во 17% од лебовите има две или повеќе хемикалии. Во однос на 200-та година, вредноста на овие отрови двојно се зголемила.
Што е најлошо, овие резултати важат и за производите кои се обележани со етикетата „оргнско“.
Експертите сметаат дека до контаминација на пестицидите дошло со пренесување на отровите од околните ниви кои не ја почитуваат процедурата за органско растење на житарките, но постои можност и до пренос на токсините да дојде при складирањето на житото, брашното или самото месење на лебот.
Експертите велат дека со оглед на моменталната ситуација, најдобро е во најмала рака да се избегнува конзумација на купечкиот леб или пак неговото трошење да се намали на колку што е можно помалку. Поранешните истражувања утврдиле дека и многу мала доза на пестициди, ако се внесуваат редовно во организмот, можат да направат непоправлива штета на здравјето.
Пекарските здруженија сметаат дека во прашање се пренапумпани приказни на оние кои им е во интерес да го зголемат прометот на органските производи, кои по правило се поскапи од оние производи кои се третирани со пестициди.