Последната жртва на украинската богаташка: Дијана погребана во венчаницата во која требало да се омажи


22-годишната Дијана Берченко загинала пред две седмици, кога била згазена од 20-годишната Алена Зајцева, ќерка на украински тајкун.

Зајцева под дејство на алкохол, минала на црвено светло и ги “покосила” пешаците на тротоарот со својот автомобил “Lexus” во центарот на Харков. Убила шест лица.

Несреќната Дијана до неодамна планирала венчавка, а сега, ја погребале во венчаницата во која требало да го каже судбоносното да.
Семејството Берченко е неутешно, бидејќи Дијана не е единствената која настрада во оваа страшна несреќа.

Во неа загинал и 27-годишниот зет на Дијана, Саша, а нејзината постара сестра, 27-годишната Оксана, е тешко повредена. На Оксана уште не и е соопштено дека сестра и сопругот се мртви.

“Замислете, таткото на убиецот ни понуди пари. Што да правам со парите? Да купам нови патики, што, кажете ми? Ништо нема да го врати моето дете”, рекол лутиот татко, 55-годишниот Игор Берченко.

Неговото разочарување го дели и Људмила Фарбис, која во несреќата ги загубила својата ќерка Ала и внуката Анастасија. На неа и се јавила 40-годишната Татјана Зајцева, мајка на Алена, но Људмила одбила да се види со неа.
“Не сакам ништо од нив, никакви пари нема да ми ја надоместат штетата”, рекла госпоѓа Фарбис.

Алена Зајцева моментално е во притвор, во ќелија што ја дели со уште девет жени. Нејзиниот татко, олигархот Василиј Зајцев, на семејствата на жртвите им понудил да плати 1,1 милиони фунти, надевајќи се дека на тој начин ќе успее да ја поништи или барем намали затворската казна за својата ќерка.


Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1