На Горан Грујевски ќе му се суди во отсуство за случајот „Тврдина 2“


На првообвинетиот во случајот „Тврдина 2“ Горан Грујевски, поранешен началник во УБК, ќе му се суди во отсуство, одлучи денеска судијката Лидија Петровска.

На денешната главна расправа по овој предмет, Петровска го отфрли барањето на Љупчо Шврговски, адвокат на Грујевски, да се одложи судењето на неопределено време, додека не се заврши неговата екстрадиција од Грција во Македонија.

Повикувајќи се на Законот за кривична постапка, Шврговски посочи дека доколку му се суди во отсуство, ќе му биде повредено правото на одбрана.

Обвинителите на СЈО, Трајче Пеливанов и Ленче Ристевска, пак, ги отфрлија ваквите аргументи како неосновани бидејќи, спроед нив, судењето во отсуство на Грујевски не му го ускратува правото да бара повторување на постапката.

– Доколку биде екстрадиран, а се надеваме дека ќе биде, нема да му биде ускратено правото да побара да му се суди во присуство, рече Пеливанов.

Судењето продолжи зад затворена врата бидејќи се изведуваат докази декласифицирани само за судската постапка.

Првообвинетиот Грујевски е во екстрадициски притвор во Грција каде заедно со неговиот поранешен колега од УБК Никола Бошковски беа уапсени на аеродромот во Солун со лажни пасоши.

Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување на служебна документација поврзана со незаконското прислушување. Обвинети се поранешниот началник на УБК Горан Грујевски и уште шест вработени во УБК. Во овој случај Никола Бошковски треба да биде сведок.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1