Последниот затвореник од Голи Оток: Бев робијаш, а сега заработувам од островот


Никогаш не заминав од Голи оток, тој остана во мене, тоа е болка која не минува. Мене ми изгледа како до вчера да бев затворен тука“, раскажува и се потсетува како политиката иронично си поиграла со нив, со „логорашите“.На Голи оток нема херои. Хероите завршија во гробови. Јас не сум херој. Само го преживав. Таму не може да се биде херој со оглед на тортурата што владееше. Островот е создаден за тие што казнуваат да ги испитуваат и тепаат тие што се донесени се додека не се преобратат. Не не пуштаа дома се додека не го сфатевме тоа – раскажува Владо Бобинац, пренесува Канал5.

otok-630x315
Бобинац има 90 години. Еден е од околу 4 илјади поранешни затвореници од Голи Оток. Пензиониран професор по историја кој живее на Крк и се уште работи како водич кој самоиницијативно, волонтерски и вонинституционално на туристите на сосема необичен начин им ја доловува судбината на затворениците од островот. Иако годините му натежнале, духот и здравјето се уште го служат, па и по најголемите жештини пешачи низ островот и ја раскажува својата судбина на љубопитните гости.

goliotokpic_502b98a9a7787На прашањето дали не е трауматизирачки повторно да се враќа на местото од кое после 2,5 години заточеништво излегол со само 46 килограми, тој одговара.

„Никогаш не заминав од Голи оток, тој остана во мене, тоа е болка која не минува. Мене ми изгледа како до вчера да бев затворен тука“, раскажува и се потсетува како политиката иронично си поиграла со нив, со „логорашите“.

Кога во 1949 година почнала хајката на Информбирото, Владо Бобинац бил на загребскиот Филозофски факултет,студент по историја. До Голи оток не го довеле радикални политички акции, туку две едноставни човечки реакции. Неговиот грев бил тоа што како претседател на народната студентска младина не сакал да ги бојкотира колегите кои партијата ги прозвала како симпатизери на Сталин.

goli otok„Јас одбивав да ги спроведам наредбите за нивно исклучување и му напишав писмо на секретарот на КП дека не можам тоа да го сторам и додадов уште една работа, реторичко прашање дека размислувам каде е вистината. Тоа им се виде премногу, веднаш ме повикаа на партиски разговор, сакаа да ме премислат и да отстапам. Кога на еден од партиските состаноци го земав статутот од кој го цитирав правото на демократско изјаснување сите почнаа да фрчат и ме исфрлија од партијата“, раскажува Бобинац.

По овој настан тој сретнал еден сосед кој се вратил од Голи оток на кој му рекол:

„Имаш семејство, немој да мислиш засега на тоа“.

Следниот ден бил повикан на информативен разговор.

„Моите зборови ги сфатиле како политичка порака. Ме однесоа во соба со многу светло, офицер од Удба ми даде пенкало, ме затвори и ми нареди да напишам дека сум виновен. Кога се врати и ја виде празната хартија почна да ми се обраќа со погрдни зборови“, раскажува тој во интервјуто за Јутарњи лист.

goli otok2Експресно бил осуден на казна од 24 месеци која предвидувала социјална работа и бил пратен на Голи оток. Неговата мајка не знаела каде и е синот. А и кога се вратил, по две и пол години, постојано молчел.

Есента 1951 година Бобинац, како што вели тој, останал без име и презиме, добил прекар Бандит – така ги нарекувале сите повратници од Голи оток.

„Ние, луѓето кои бевме испратени таму, дојдовме до сознание, ако некој сака да опише како изгледа немоќта во политичкиот систем, не мора да оди до Сибир, искуството на Голи оток е доволно. Денеска кога ќе се најдеме имаме непишано правило, никогаш не спомнуваме што се случуваше таму. Секој од нас беше виновен, бевме приклештени и како жртви и како мачители. Од почит молчиме. Споменуваме само еден човек од таму, тоа е доктор Никола Николиќ. Лекар, казнет на Голи оток кој им помагаше на сите што стигне и по цена на сопствениот живот – кога ќе тепаа некој до смрт, тој го подметнуваше неговиот грб за да го спаси“, ја завршува приказната Бобинац.

Канал5

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1