Последните мигови на Боби Кристина: Витни ја викаше од другата страна на светот


Соул пејачот Боби Браун по смртта на неговата ќерка Боби Кристина Браун проговори за последните мигови живот на неговата ќерка .

На последниот час на 22-годишната девојка семејството се собрало крај креветот, пееле молитви кон Господ.  Во собата имало слика на мајката на Кристина – легендарната пејачка Витни Хјустон, библија и картички на добронамерници, желни за нејзиното да оздрави.kristina vitni hjuston

На смртната постела, покрај Боби Кристина биле чичковцитео Томи и Гери, тетка и Пет Хјустон, која беше нејзин управник. Кон семејството се придружил и свештеник, кој ги водел во молитвите.

Еве што уште раскажа добро информиран извор за последните нејзините моменти: “Беше многу тивко. Семејството пееше “Алелуја”, кога таа замина. Токму беа го прочитале Псалм 23 “Господ е мојот Пастир”.

“Мајка и Витни беше таму и ја викаше од другата страна”, додава тој.

Погребот ќе биде во Њу Џерси – таму каде што нејзината мајка и дедо се погребани.

Витни Хјустон почина во 2012 година во Лос Анџелес, каде што беше пронајдена мртва во кадата на хотелската соба. Нејзиниот татко Расел Хјустон почина во 2003 година од дијабетес и срцеви проблеми. Двајцата се погребани еден до друг.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1