Направете си сами – домашен спреј против комарци


Слободно отворете ги прозорците навечер, бидејќи овој рецепт ги содржи едни од најдобрите етерични масла за кожата, кои нанесени врз неа, ќе ја направат мека, со пријатен мирис и ќе ја заштитат од каснувања.sprej noga komarci

Што ќе ви биде потребно за да си направите домашен спреј против комарци?

Состојки:
10 капки масло од лаванда
2 – 3 лажици екстракт од хамамелис (вештерска леска)
10-12 капки масло од цитронела
10-12 капки масло од еукалиптус
10-12 капки масло од лимонска трева

Комбинирајте ги сите состојки во шише со распрскувач и протресете добро. Секој пат пред да се испрскате на вашата кожа, протресувајте го шишето, за да можат да се комбинираат сите масла, заедно со хамамелисот.

Republika.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1