Последните зборови на осудените на смрт


Тексас погуби 500 затвореници, откако смртната казна беше повторно воведена во 1982 година, пренесува Б92.

Одбраните последни зборови на затворениците ни даваат увид во хуманоста на осудените и покрај нивните злодела.

amerika-zatvor-osudjenik03-500x333Карл Чемберлен (37)

– Мојата смрт започна на втори август 1991 година и продолжи се додека го гледав прекрасниот и невин живот кој го одземав. Ужасно ми е жал. Би сакал да умрам неколку пати за да ви покажам колку ми е жал.

Погубен во 2008 година, за сексуален напад и убиство на 30 годишна жена.

Џонатан Мур (32)

– Џенифер каде си? Жал ми е. Човекот го знаев само неколку секунди пред да го убијам. Го направив тоа од страв, глупост и незрелост. Дури кога ме затворија го видов неговото невино лице и насмевка во весниците-знаев дека бил добар човек. Жал ми е поради непочитувањето кое го покажав кон вашето семејство. Жал ми е за тебе Гас. Ви посакувам се најдобро на тебе и на твоите ќерки. Се надевам дека од сега ќе ве следи само среќа. Те сакам татко. Готов сум управнику.

Погубен во 2007 година, за провала и убиство на полицаец.

izvrsenje-smrtne-kazne-500x343Ерл Беринџер (33)

– Денес е добар ден да се умре. Влегов овде како маж и ќе заминам како маж. Имав добар живот ја запознав љубовта на вистинската жена. Имам добро семејство. Мојата баба е столб на заедницата. Ги сакам и ценам своите пријатели. Ви благодарам за љубовта. Иако ми е жал за болката која ви ја нанесов. Ако мојата смрт во даде утеха, нека биде така. Сакам да им кажам на пријателите дека ова не е начин за да се умре, но јас му припаѓам на Исус. Ги признавам своите гревови.

Погубен во 1997 година, за убиство на две лица.

Маркум Даф Смир (46)

– Јас сум грешник над сите грешници. Бев одговорен за случаите од 1975 и 1979 година. Моето судење не беше фер. Не беше праведно. Луѓето лажеа против мене. Секогаш ќе ги сакам оние кои беа крај мене.

Погубен во 1993 година за организирање убиство на неговата мајка која го посвоила во 1975 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1