Македонија тагува по своите загубени припадници на безбедносните сили. Денеска се погребани четворица од загинатите осум бранители.
Љубиша Арангеловиќ имаше 49 години.
Зад себе остави сопруга и два полнолетни синa. Аранѓеловиќ и неговиот колега Горан Стојменовиќ беа последните кои загинаа од полициските редови.
Вчера Македонија се прости од 32 годишниот Сашо Самојлоски од Тетово, 40 годишниот Горан Илиевски од Гостивар, 32 годишниот Жарко Кузмановски од Брвеница и 28 годишниот Ненад Серафимовски од Зубовце. Ова се четворицата припадници на безбедносните сили од Полошко кои загинаа во полициската акција во Куманово.
Сашо Самоиловски беше роден во Брвеница, живееше во Тетово и беше бранител во конфликтот од 2001 година. Татко е на две деца.
Со сопругата Маја и ќерките Михаела и Миа, двете на детска возраст, живееше во Тетово.
во 2005 стана дел од ЕБР каде покажа врвна професионалност и пожртвуваност во извршувањето на задачите за што беше и одликуван.
Жарко Кузмановски во жалост го остави своето семејство, сопругата Верица и двајца малолетни синови.
бил во единица на командна должност.
Тој е татко на две малолетни деца – синовите Наум и Дарко, ученици во основното образование.
Ненад Серафимоски, нецели две години беше вработен во МВР.
Со своите 28 години тој е најмладиот меѓу загинатите припадници на безбедносните сили во престрелките во Куманово.
Серафимоски, за летово се подготвувало за веселба, на која нивниот единец требало да се ожени.
Серафимовски, како припадник на специјалните единици (тигри) е меѓу првите жртви во полициската акција која вчера се одвиваше во Куманово
Исамедин Османи, од скопско Студеничани зад себе остави сопруга и 2 дечиња.
Горан Илиевски е погребан во Гостивар.
Илиевски имаше 41 година, беше оженет и татко на малолетно дете. Во Министерството за внатрешни работи бил вработен во 2002 година.
На гробиштата во Стајковци ќе биде погребан полицаецот Бобан Ивановиќ, во Камник- Горан Стојменовиќ