Поставени апаратите на Александар Велики – започна строга контрола на патниците


Посебни простории за изолација за патници со симптоми на ебола и карантинска соба за лицата кои имале директен контакт со овие патници. Аеродромот Александар Велики ги стартуваше строгите мерки на претпазливост од смртоносниот вирус ебола.

Screenshot_19Ќе се постават и термални камери со кои ќе се мери телесната температура на сите патници кои влегуваат во Македонија. Далечината на западноафриканските земји е она што ги смирува граѓаните кои денес патуваа надвор од државата.

Досега во Македонија не е забележан сомнителен патник со симптоми на ебола на скопскиот аеродром. можностите за ваков патник се многу мали, бидејќи Македонија нема директна авионска линија со ризичните земји каде засега опасноста е најголема.

изјава Неџат Курт менаџер на аеродромот Александар Велики

Инфективната клиника во Скопје поседеува целосна терапија за овјо вирус, а обезбедени се и и золирани простории во кои може да се згрижат најмалку 20 пациенти. Опасниот вирус не се пренесува преку воздушен пат, туку единствено преку директен контакт со крв или друга телесна течност со заболено лице. Забрзаното ширење на еболата досега  го вклучи алармот за претпазливост во повеќе европски држави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1