Потона брод во Дунав, има исчезнати


Товарен брод на фирмата „Иван Милутиновиќ“ делумно потона утрово околу 8 часот во Дунав, кај Смедеревската тврдина.brod-dunav

Во оваа тешка несреќа исчезнале два члена на екипажот кои биле на бродот и по нив во овој момент се трага.

Смедеревската полиција, која трага по нив, сѐ уште нема најдено ништо.

Директорот на фирмата, Миодраг Милојевиќ, моментално е на местото на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1