Автобус на автопревозникот Еуро бус од Струга потонал во водите на Женевското езеро во Швајцарија.
Како што пренесуваат порталите на албански јазик автобусот според првичните информации бил во сопственост на албанец од Струга и бил регистриран во Швајцарија, пишува А1 Он
Се уште не се знаат точните причини за потонувањето на автобусот.За среќа во автобусот немало патници, а во него не бил ниту и возачот.
„Одев на пат кон работа, кога видов автобус во езерото“, изјавил еден очевидец.
Од полицијата во кантонот Вауд изјавиле дека автобусот најверојатно се лизнал и паднал во водата додека се наоѓал на паркинг во близина на езерото. Автобусот бил целосно потпоен и за многу брзо ќе биде извлечен од вода.
Фото – А1Он