Гром уби 17 год девојка: Седела во парк и пишувала дневник кога светнала молњата (ВИДЕО)


Џени Дизон (17) во четвртокот се наоѓала во еден парк, кога ја погодил гром. Девојката вчера требало да матурира. Нејзиниот план бил да се запише на ликовна академија.

gromНесреќата се случила кога девојката ги оставила помладите брат и сестра во стоматолошка ординација, по што тргнала кон паркот во кој имала обичај да седи и пишува дневник.

Кога по некое време полицајците ја пронашле била онесвестена и не дишела. Подоцна со преглед е утврдено дека починала од струен удар.

Сестрата ја повикувала на мобилен телефон неколку пати, а за страшната несреќа семејството дознало подоцна во четвртокот.

Покрај семејството, ожалостени се и професорите и нејзините школски другари, кои од неа се простија со зборовите: „Секогаш ќе се сеќаваме на нејзините многубројни таленти, посебни дарби и прекрасната личност“.

Скај

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1