Потписи за референдум за достоинствена Македонија


Стојанче Ангелов од Достоинство од денес почнува да собира потписи за референдум – еве што се вели во известувањето

stojanceДржавната Изборна Комисија ни одобри да започнеме со собирање на најмалку 100 иницијални потписи со кои ќе ја продолжиме нашата иницијатива за референдум со работен наслов “Достоинство за Македонија“, составена од 4 референдумски прашања.
Иницијалните потписи од граѓаните ќе ги собираме утре (среда) во Скопје во подрачните одделенија на ДИК во Карпош, Центар, Гази Баба, Чаир и Кисела Вода, како и во четврток во Кичево и Струга.
Сите граѓани кои се заинтересирани да дадат подршка на нашата иницијатива за референдум можат да дојдат вечерва (вторник) во 20.00 часот, на нашиот работен состанок во штабот на “Достоинство“, (граѓаните кои не знаат каде се наоѓа штабот на “Достоинство“ нека дојдат во 20.00 часот пред гимназијата “Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје).
Заради подобра организација, граѓаните од Скопје, Кичево и Струга кои сакаат да се потпишаткако иницијатори на нашата референдумска иницијатива пожелно е да се пријават кај пензионираниот армиски полковник Богослав Лескаровски на 075 290 760.
Сите информации околу нашата иницијатива за организирање на референдум може да ги добиете од полковникот Богослав Лескаровски.

Референдумски прашања:
1)Дали сте за или против Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија?
2)Дали сте за или против автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија со кое се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казната затвор извршители на воени злосторства против цивили во конфликтот од 2001 година?
3)Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да вршат јавни функции во Република Македонија?
4)Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да добијат посебни права утврдени со закон?

Скопје, 14.05.2013 година
Претседател на “Достоинство“
Генерал Стојанче Ангелов

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1