Грчкото овошје и зеленчук содржат отровни пестициди – открил Гринпис


Овошјето и зеленчукот во Грција содржат 27 различни видови пестициди, кои можат сериозно да го загрозат човековото здравје, соопшти грчката филијала на организацијата за заштита на животната средина Гринпис.

hrana ovosje zelencukСпоред Грипис, како што јави БТА, повеќето од пестицидите откриени во грчкото овошје и зеленчук се забранети во рамките на ЕУ и се токсични. Организацијата наведува дека во примерок од морков одгледан во Грција е откриен пестицидот линурон, кој може да има штетни последици врз човечките ембриони, како и врз репродуктивната способност на луѓето. Во јаболката се откриени мешавини кои содржеле меѓу три и девет вида пестициди, а кај крушите остатоци шест видови отровни супстанции.

Грција нема законска рамка со која потрошувачите би биле заштитени од ваквите производи, наведува Грипис, потсетувајќи дека според важечките грчки закони, може само да се изрече забрана за користење на одреден пестицид во траење до најмногу 120 дена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1