Потребно ни е продолжување на вонредната состојба, размислуваме за алтернатива на карантините


Нас ни е потребно продолжување на вонредната состојба, бидејќи дел од мерките кои ги препорачуваме важат за време на вонредната состојба. Битно да имаме инструменти да работиме со овие механизми во однос на рестрикцијата на движењето, рече министерот Филипче на денешната прес конференција.

Не треба да има големи собири, туку толку колку што одреден простор тоа го дозволува. Ништо не отстапува од тоа што е сега на сила. Кога има помал собир, во тие средби, често луѓето се погусто застанати, затоа да има средство за озвучување. Секој простор кој може да собере луѓе, мора да се почитува дистанцата и да се носат маски.

За патувањата постојат различни национални политики. Некои земји бараат тестирање пред патување, други не, а ние за таа цел, бидејќи може да бидеме оптеретени со патници кои може да транзитираат, размислуваме за алтернатива на карантините. Барем на ниво на регионот да имаме унифициран пристап, затоа се клучни состаноците. Повеќе информации ќе имаме во текот на следната недела.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1