Избезумена мајка ги раскажува моментите во кои го задушила својот син кој бледувал и страдал од неизлечива генетска болест.
Синот на Британката Хедер Пратен боледувал од Хантингтонова болест, од која претходно починал и неговиот татко Кент. За разлика од неговиот брат Филип, кој исто така боледувал од таа болест, Најџел никогаш не успеал да се носи со својата дијагноза.
Хедер на телевизија раскажала како на неговиот 42. роденден Најџел се обидел да се самоубие со преголема доза хероин. Лежејќи покрај него и гледајќи го како се бори да земе здив, земала перница и го задушила, само за да му ги скрати маките. Откако Хедер била уапсена и обвинета за убиство, обдукцијата покажала дека судбината на Најџел секако ќе била смрт.
Хедер признала дека асистирала во самоубиството, судијата подоцна и досудил условна казна со образложение дека станувало збор за „исклучителни околности“.
Хантингтоновата болест е неизлечива која ја предизвикува наследен нарушен ген. Тој ген произведува протеин кој се вика Хантингин. Не е познато како, но генот предизвикува тешко оштетување на нервните ќелии на мозокот.
Заболените можат да покажуваат емоционални и умствени нарушувања како што е промена на расположението, неспретност, агресивност и депресија, а во подоцнежната фаза почнуваат да имаат тикови, губат на тежина и имаат мускулна слабост која пациентот го оневозможува да голта, да зборува или да се движи.
Сопругот на Хедер, Кент, заболел од оваа болест и починал на 44 години, а подоцна излегло дека и нивните две деца исто така го имаат овој ген. Постариот син Филип починал на 49 години.Двата сина на британката боледувале од истата болест, а таа има и две ќерки кои не заболеле, лекарите не знаат зошто едните деца се погодени а другите две не.
Најџел се разболел кога имал околу 30 години и многу потешко се носел со фактот дека е болен за разлика од неговиот брат.
На 42. роденден Најџел решил да си го одземе животот со преголема доза хероин. Мајка му била покрај него. И двајцата се сложиле дека тоа е најдобар начин за него да си го одземе животот бидејќи Најџел веќе долго време размислувал како најдобро да направи самоубиство.
Откако ја земал фаталната доза Хероин, мајка му останала да лежи покрај него во кревет. И двајцата заспале, а таа подоцна се разбудила и го пронашла како со бледо лице се бори за воздух. Во тој момент зела перница и му го одзела животот, Потоа повикала полиција и раскажала што се случило.
Хедер од смртта на синот, во март 2000 година се залага за промена на законот. Вели дека би морала да постои можност за психички свесните луѓе во терминална фаза од болеста самите да решат на кој начин сакаат да умрат.