Кај се парите, зошто играчите се малтретираат? – Младиот Бабунски распали по ФФМ


Големата фудбалска надеж на македонскиот фудбал, Давид Бабунски, во фејсбук кавгата со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ)

Бабунски, најпрвин ја обвини ФФМ дека лошо го организирала патувањето на репрезентацијата до 21 година во Португалија. На својот профил на Фејсбук тој меѓудругото напишал.

babunski david„А немојте со тоа дека немало пари, сите знаеме кај се парите. А, ако не сакате да ги извадите, јас сум способен да одвојам од мојата плата и да вложам во македонскиот фудбал, само кажете, зошто јас навистина сакам да тргнеме нагоре. Пред натпревар патуваме саат време до стадион. И ние треба да излеземе на терен да браниме едно знаме и целиот македонски народ што не подржува. Незнам колку ви е вам битно или дали воопшто ви е гајле, ама ние за нив трчаме”.

Челниците на ФФМ да го демантира Бабунски со соопштение испратено до медиумите. Во него се вели дека репрезентативците ги добиле најдобрите можни услови за патување и престој во Португалија. Биле сместени во хотел со четири ѕвезди, кој бил оддалечен 29 километри од стадионот.

„Крајно неодговорно е за секој индивидуален неуспех да се бара виновникот и тоа секогаш да биде ФФМ. Секој фудбалер своето дело и храброст треба да го покаже на терен, а не да бара оправдувања за себе. Станува збор за прозивка која го нарушува имиџот на Фудбалската федерација на Македонија, која изминативе две година ја потврди својата посветеност за вистинските фудбалски вредности“, стои во дел од соопштението на ФФМ.

Контра Давид Бабунски, застана и неговиот татко Бобан Бабунски, кој е селектор на младата македонската репрезентација.

29b5ecda-1e61-4b81-ba6e-4b0d17dce78e„Како никогаш досега нашата селекција немала третман како сегашниот. Фудбалската федерација ги исполни сите барања предвидени во нашата програма за натпреварот. Како стручен штаб единствено забележуваме на пропусти од Фудбалската федерација на Португалија во однос на тренинзите и терените“.

По соопштението на ФФМ, Давид уште еднаш возврати и повторно преку профилот на Фејсбук.

Моите реченици не биле вистина? Ја лажете јавноста дека се е ОК? Веројатно и ги уценувате и барате поддршка од тие кои ги раководите? Мене нема да можете! Јас сакам да играм фудбал. И секогаш ќе се борам со сите сили за тоа. Моите отсуства за репрезентацијата секогаш се одразуваат на клупските обврски. И јас повторно доаѓам затоа што сум дете родено во Македонија. Или ќе играме фудбал по сите светски врвни норми или ќе имате проблем со борци како мене“, меѓудругото напишал на Фејсбук, Давид Бабунски.

Макфакс

29b5ecda-1e61-4b81-ba6e-4b0d17dce78e

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1