Потресна исповед на Фифи: Наместо љубов од родителите, добив ќотек!


Како низ магла се сеќавам на тинејџерските години. Ноќите кога со страв се враќав дома, плашејќи се татко ми да не ја види маскарата на моите очи, враќањето дома после било кое дадено интервју на телевизија или настап, враќањето после секое искачање знаејќи дека драчевските лижигазови го имаат информирано татко ми како сум била облечена и каква шминка на себе сум носела.

Вака македонскиот трансексуалец Филип Јаневски – Фифи ја започнува својата исповед на „Фејсбук“. Фифи раскажувајќи за своите болни години, вел, сака да прати порака до младите луѓе кои поминуваат низ она што таа поминала.fifi

„Иако никогаш нема да заборавам дека кога се вратив дома после Радискиот Фестивал во Охрид каде што добив награда за најдобар дебитант наместо да бидам пречекана со љубов и гордост, јас бев пречекана со ужасно болно физичко насилство од кое модриците ги снема, но болката во душата засекогаш остана. Листата е огромна… Но!

Со сето ова што го напишав само сакам да дадам порака на младите луѓе, на оние кои што поминуваат низ тешки периоди во својот живот и се чувствуваат поразлични од она “нормалното” за целината… Бидете силни бидејќи во животот се е минливо! Секое лошо е за добро и на крајот кога ќе ја извојувате вашата победа ќе бидете пресреќни и прегорди на самите себе. Верувајте во себе и никогаш ама баш никогаш не се откажувајте од она што вам ви носи насмевка на вашето лице. И покрај се научете се да простите, јас со татко ми сега сум во подобри односи од било кога , и ја имам неговата поддршка целосно. Знајте дека таму доле во Македонија родителите понекогаш се понашаат така поради општеството кое ги опкружува. Дајте им време на работите. Ништо не може преку ноќ.“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1